Со години криеше дека е Албанка, а Грците и се лутат поради една фотографија: Елени е можниот победник на Евровизија

Една од најпознатите грчки пејачки, за кратко време ги собра сите симпатии на овогодинешната Евровизија, па веќе е речиси сигурно дека таа ќе победи.

Но, додека сите се радуваат и се воодушевени од Елени Фуерира, нејзините сонародници во Грција, малку се подналутија за нејзините изјави на телевизиите, како и за една фотографија кои тие ја сметаат за шокантна.

Елени е родена во Албанија, но подоцна со нејзиното семејство мигрирале во Грција. Пејачката долги години се срамела да каже дека е Албанка, па лажела дека потекнува од Бразил и Мексико. Но, денеска се гордее со своето албанско потекло, а на Евровизија ја преставува Кипар и е прв фаворит за победа.

Но, Грција наместо да се гордее со музичката дива, деновиве фрла „копја и камења“ по својата сонародничка. Причина за тоа е фотографијата на која Елени, заедно со преставникот на Албанија позира со познатиот знак на Албанците- рацете поставени во форма на орел. Со овој гест, двајцата пејачи придобија многу Албанци на своја страна, но Грците сметаат дека е провокација и недолично. Грчката Бијонсе проба да ја смири топката и изјави дека само позирала со националниот симбол на Албанија и дека не направила ништо страшно.

Инаку годинава на Евровизија во финалето ќе видиме дури тројца Албански пејачи: Елени која пее за Кипар, Еугент Бушпепа кој настапува за Албанија и Ермал Мета кој ја преставува Италија.

 

 

 

Leave a comment

error: Content is protected !!