Со дуксер и патики по хамбургер: Еден од најбогатите луѓе си чека во ред за хамбургер

Основачот на “Microsoft” и филантроп “тежок” повеќе од 90 милијарди долари, Бил Гејтс, минатата недела евидентно посакал брза храна, бидејќи бил фотографиран како чека во ред пред еден ресторан во Сиетл.

Поранешниот работник во “Microsoft”, Мајкл Галос во вторникот објавил фотографија од Гејтс на која, облечен во бордо дуксер и темносиви панталони со црни патики на нозете, чека нарачка која според проценките би можела да чини околу 7,68 долари.

“Кога вредите околу 100.000.000.000 американски долари, ја водите најголемата добротворна фондација во историјата на светот и чекате ред за хамбургер, пржени компири и Кока-Кола како нас останатите…Вака се однесуваат вистинските богати луѓе, за разлика од оној позер со златна ВЦ школка во Белата куќа”, напишал Галос покрај фотографијата, алудирајќи на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Фотографијата од моментот на објавување досега собрала 17.000 реакции, во главно позитивно, а споделена била 14.000 пати.

Галос рекол дека Гејтс е многу скромен, и покрај неверојатното богатство. “Бил не сака внимание, но во главно е пријателски настроен и разбира дека е познат. Зборував со него на забави, меѓутоа не го познавам доволно добро за да му пријдам на улица или ресторан”, рекол Галос.

“Никој не го ни забележува…одлично се вклопува”, напишал еден корисник. “Еј, Бил! Еден делукс и чоколаден шејк?”, додал друг. “Знам дека сака добар и масен хамбургер”, рекол трет.

Познавачите на прехранбените навики на Гејтс истакнуваат дека милијардерот хамбургери најмногу сака да јаде во ресторанот Бургермастер.

Leave a comment

error: Content is protected !!