Снимките од дрон покажуваат пекол: Кратерот на Хаваите е голем колку 90 фудбалски игралишта

Неверојатни снимки од дрон од Хаваите покажуваат каква штета направил вулканот Килауеа со своите моќни ерупции.

Околу кратерот Халемаумау константно има гасови, а тој покажува и знаци дека набрзо би можел да се сруши.

 

Експертот Кајл Андерсон смета дека големата количина на камења која е заглавена во кратерот би можела да предизвика уште поголема експлозија.

Како што велат од Американскиот геолошки институт, експлозиите го прошириле вулканското гротло 10 пати во однос на неговата првобитна големина. Отворот е со големина со околу 485.00 квадратни метри, што е површина од околу 90 фудбалска терени.

Вулканот Килауеа на Хаваите уништил повеќе од 80 домови.

Leave a comment

error: Content is protected !!