Снимка со Папата е хит на интернет: Се наведнувале да му ја бакнат раката, а потоа почнал урнебесот

Видео-снимката од папата Франциско, кој во италијанскиот град Лорета ги трга рацете, додека верниците се обидуваат да го бакнат неговиот прстен, станала вирален хит на интернет.

Поглаварот на Римокатоличката црква наишол на критики кај конзервативните верници, кои сметаат дека папата сака во иднина да ја искорени оваа традиција.

Сепак, иако ватиканските медиуми пренесуваат дека папата тој ден ги одбил сите верници кои се обиделе да му го бакнат прстенот, се се одиграло малку поразлично. Официјалните снимки од ватиканската телевизија покажуваат дека папата ги поздравувал верниците околу 13 минути, и во текот на првите 10 минути, 41 лице се поклонило пред папата и го бакнало неговиот прстен, или барем тоа го гестикулирало.

Папата не се противел на тоа, а девет лица дури и го прегрнале.

Сепак, по десет минути, однесувањето на папата се променило, а движењето на луѓето во редот се забрзало.

“Понекогаш тоа му одговара, а понекогаш не. Станува збор само за тоа”, рекол еден близок соработник на папата кој сакал да остане анонимен. Додал дека го “забавиле” сите тие реакции на целиот настан.

Во текот на снимката која кружи на интернет, папата Франциско ја тргал раката преде 19 луѓе кои сакале да го бакнат неговиот прстен, а еден човек по грешка ја бакнал својата рака.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!