Снимка од училишно насилство го разбесни светот: Деца шишаат девојче, тоа се гуши во солзи

На интернет се појавило шокантно видео кое прикажува врсничко насилство снимено во едно училиште во Санта Фе, Аргентина.

Во видеото се гледа како по излегувањето на наставникот од училницата, двајца ученици му приоѓаат на девојчето и почнуваат да го шишаат. Снимката била објавена на социјалните мрежи од страна на учесниците во инцидентот.

Имено, по излегувањето на наставникот од училницата, едно момче и девојче ѝ приоѓаат на врсничката која има потешкотии во учењето со ножици за хартија. Тие застанале позади неа и почнале да ѝ ја сечат косата, смеејќи се, додека жртвата го криела своето лице и плачела.

Она што најмногу загрижува е фактот дека никој од останатите ученици не се потрудил да го спречи ваквото малтретирање, како и тоа што во училницата одекнувала смеа додека несреќната жртва плачела. Според изјавата на директорката на училиштето, пет ученици се суспендирани поради врсничко насилство.

Leave a comment

error: Content is protected !!