Снимка од која ќе ви замрзне крвта: Колку треба да е човек луд да прошета по оваа патека на смртта

Снимката од кинеската планина Маунт Хуа едноставно го одзема здивот. Нејзината импозантна висина не е единственото нешто што привлекува голем број туристи секоја година.

Оваа света планина со висина од околу 2.160 метри во провинцијата Шанкси е вистинско место за оние кои сакаат авантура. Ја окружуваат бројни дрвени плочи со чија помош туристите се качуваат до самиот врв, а од самиот поглед кон провалијата ќе ви се заврти во глава.

Оваа патека се смета за најопасна на светот и само еден погрешен чекор или потег може да чини живот. Истиот овој пат го користеле и монаси пред стотина година, за да дојдат до религиските утврдувања.

Денес низ оваа патека минуваат туристи кои сакаат авантура и добро селфи, иако има и такви кои ги следат чекорите на монасите.

Leave a comment

error: Content is protected !!