Смртоносна трка на “порше” и “ферари”: Решиле да се тркаат во спротивна насока и тогаш се тргнало на лошо

Двајца неименувани возачи со своето опасно возење довеле до смрт трет возач на автопатот во регионот Жилина во Словачка.

На снимките од камерите од еден автомобил се гледаат жолто “ферари” и црно “порше” како се тркаат.

Жолтиот автомобил ги заобиколувал побавните возачи, влегувајќи во лентата во која се движат автомобили во спротивна насока.

Жолтото возило било стигнато од црно “порше”, а потоа двата автомобила забавуваат, бидејќи им приоѓа едно возило.

Ферарито на време се повлекло во својата лента, но возачот на поршето не успеал да го избегне сивиот автомобил кој одел директно во него, па дошло до директен судир.

Возачот на сивиот автомобил и неговата сопруга биле тешко повредени во судирот, а тој подоцна починал во болница.

Како што пренеле локалните медиуми, возачите на “ферарито” и “поршето” биле уапсени заедно со уште едно лице вмешано во оваа трка. Сите уапсени се Полјаци и моментално се во притвор.

Leave a comment

error: Content is protected !!