Смрт во емисија во живо: Му кажала на водителот дека сака да умре додека работи, замолчела и набрзо починала

Рита Јитендер, славна индиска професорка, книжевничка и уметничка, ја шокирала нацијата кога умрела во утринската програма која се емитува во живо на телевизија во Шринагар.

Професорката Јитандер разговарала со водителот Захид Муктар за својот живот и кариерата и зборувала дека сака смртта да ја затекне додека работи, како што било случај со поранешниот претседател А.П.Ј Абдул Калам.

“Кажа некои интересни работи од својот живот и изгледаше сосема нормално. Но, одненадеж замолчи. Моравме да го прекинеме разговорот и да уфрлиме прилог за да и помогнеме”, рекол подоцна Муктар за индиски “Telegraph”.

Таа веднаш била пренесена во болница, но набрзо била прогласена за мртва.

“Починала по ненадеен застој на работата на срцето”, рекол докторот.

“Рече дека др Калам починал додека работел. И самата така замина. Почина во телевизиското студио”, изјавила Хафиза Музафар, која го организирала престојот на професорката Јитандер во Шринагар.

Leave a comment

error: Content is protected !!