Слугинка висела од 7. кат, а нејзината шефица гледала и снимала – сега дошла и казната

Кувајтскиот суд ја осудил жената која со мобилен телефон ја снимала слугинката од Етиопија како паѓа од седми кат, на година и осум месеци затвор.

На шокантната снимка се гледа како Етиопјанката плаче и моли за помош додека виси од терасата држејќи се за рамката со рака. Во еден момент паѓа на метална тенда.

За среќа, преживеала, но ја скршила раката. На снимката може да се слушне како помошничката вика: “Држи ме, држи ме” и тоа неколку моменти пред раката да и лизне од оградата.

Меѓутоа, сопственичката на станот не само што не и помогнала, туку и продолжила да ја снима нејзината агонија.

Бидејќи, воопшто не и помогнала на несреќната жена, туку целото време снимала, на крајот завршила во затвор.

Кувајт е дом за повеќе од 600.000 домашни помошнички. Повеќето од нив се од азиски или африкански држави. Многу од нив се жалат на злоставување, понижување и неисплатени плати.

Leave a comment

error: Content is protected !!