Слонот Раџу бил злоставуван 50 години, а кога го ослободиле – заплакал!

Слонот Раџу поминал половина век во заробеништво, а во текот на тој период неговите сопственици го држеле врзан за ланци, го изгладнувале и тепале.

Една организација за заштита на животните успеала да го ослободи, а животното тешко пет и пол тони во таа прилика заплакало. По 50 години мачење и заробеништво, во текот на кое го злоставувале речиси 30 различни сопственици, слонот од Индија бил конечно ослободен и одведен на безбедно место.

Слонот кој тежи пет и пол тона бил постојано врзан со ланци, а поради тешките окови, неговите нозе биле крвави. Раџу редовно бил тепан, а сопствениците кои го држеле како туристичка атракција од која заработувале, постојано го изгладнувале. За да го задоволи својот глад, Раџу честопати јадел хартија и пластика.

За среќа, животното го почувствувало вкусот на слободата. Акцијата за спасување била како на филм, бидејќи слонот бил спасен сред ноќ од страна на активисти, членови на британската организација “Wildlife SOS” за заштита на животните во Индија. Неговите спасувачи рекле дека Раџу плачел кога го ослободиле, а експертите потврдуваат дека слоновите се способни да плачат како и луѓето.

“Слоновите се интелигентни и емотивни животни. Докажано е дека тие покажуваат емоции. Раџу плачеше кога беше ослободен, така што јасно е каква тортура преживувал во тие 50 години. Ова е навистина еден тажен случај, но Раџу денес знае како е да се биде слободен”, изјавила портпаролката на организацијата.

Leave a comment

error: Content is protected !!