Сликата на Сталин со насмеаното мало девојче крие морничава приказна!

Можеби се сеќавате на една од најпознатите фотографии од времето на Советскиот Сојуз?

На сликата е прикажан Сталин како држи девојче кое му донела букет цвеќе. Со години оваа фотографија се користеше во Советскиот Сојуз како доказ дека лидерот е со големо срце.

Но, девојчето и нејзината фамилија не поминаа баш најдобро поради оваа навидум невина фотографија.

Се започнало во 1936 година, кога седумгодишната Енглсина Маркизова посакала да го види Сталин во живо. Нејзиниот татко Ардан Маркиз бил комунист кој името на својата ќерка и го дал по Фридрих Енгелс, а синот го крстил Владлен по Владимир Ленин. Во време кога настанала фотографијата работел како комесар за земјоделство во далечната автономна советска социјалистичка република Бурјат-Монгол во Сибир.

Го повикале во Моска на запознавање со Сталин, а малата Енгелсина посакала да појде со својот татко. Иако Ардан се противел, мајка и ја поддржувала. Децата смееле да одат во Кремљ, но со посебна дозвола, па таткото ја земал со себе. Во еден момент на девојчето му здосадиле долгите говори, па земала цвеќе кое му го подарила на Сталин и го гушнала.

Сталин бил изненанден, но и разнежнет од нејзиниот потег, па ја земал во скут. Му го дала цвеќето, а откако го гушнала сите почнале да сликаат. Следниот ден  ја дочекале голем број на подароци, а кога се вратила во својот град, луѓето на улиците ја поздравувале како голема ѕвезда. Власта ја искористила нејзината популарност, па ја претворила во заштитно лице на среќното детство во Советскиот Сојуз.

Но, само по година дена се се променило. Нејзиниот татко изненадно бил уапсен.

„Беше сигурен дека тоа е некоја грешка, дека ќе врати дома“- изјавила Енгелсина. Но, за жал не се вратил никогаш.

Бил осуден како јапонски шпиун и застрелан во 1938 година. Писмата од девојчето во кое го молела Сталин за милост за нејзиниот татко не помогнале. Нејзината мајка Доминика била протерана во Казакстан каде што била пронајдена мртва во 1938 година. Најверојатно, ја убиле.

Позади целата оваа морничава приказна, бил стравот на комунистичките функционери, пред се на Лаврентиј Бериј, шефот на тајната полиција. Тие стравувале дека фамилијата Маркиз ќе проба да ја искористи популарноста и врската со Сталин. Па, затоа ги елиминирале.

Девојчето после смртта на своите родители добила ново име- Мамлакат Накхангова и како сираче живеела со својата тетка во Москва.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!