Кога Чао Шенгканг рекол дека ќе го пропатува светот, малку кој поверувал во тоа, бидејќи тој е слеп. Некои дури и го исмејале, но овој 40-годишник им покажал колку погрешиле.
Чап Шенгканг обиколил 35 земји на шест континенти и се качил на Килиманџаро, како прва слепа личност во Кина.
Роден во Хуајбеј, во провинцијата Анхуи, на истокот на Кина, Чао доживеал сообраќајна несреќа кога имал 8 години и набрзо целосно ослепел.
Во април 2012. година прв пат отпатувал во странство. За 24 дена ги посетила Камбоџа, Тајланд, Виетнам и Лаос. Луѓето биле многу љубезни кон него. Додека пловел со чамец, луѓето би го фатиле за рака и спуштале во водата за да ја почувствува. Поради нивната топлина, решил да патува и подалеку.
“Вооружен” со очила за сонце и стапови, посетил многу земји, иако не го владее многу англискиот јазик.
“Понекогаш најмногу се плашиме од самиот страв. Ако верувате дека нешто можете да направите, тогаш ќе успеете. Тоа е како освојување на планина. Некои се откажуваат на пола пат, кога ќе почувствуваат дека се премногу уморно, но јас нема да застанам додека не дојдам до целта”, вели Чао.