Славните манекенки нападнати од фановите: Престанете книгите да ги користите како модни додатоци

Ниту еден чекор на Бела и Џиџи Хадид не може да помине незабележан. Што облекле, каде се и со кој се.

Овие манекенки и трендсетерки уживаат во вниманието и интересот на јавноста на секојдневна база. Сепак, понекогаш реакциите и не се баш позитивни.

Имено, сестрите Хадид во последно време постојано се појавуваат во јавност со книга во рака, но не за да ја читаат туку ја држат како моден додаток односно како клач чанта.

Тоа прв го воочи магазинот The New York Post кој објави дека Бела и Џиџи Хадид носат книги како “најтренди моден додаток за 2019”. Во текстот укажале на тоа дека боите на книгите и модните комбинации ги усогласиле со што не оставиле простор за луѓето да помислат дека навистина ги читаат тие книги.

Корисниците на Твитер ги налути тој потег, а своите мисли ги преточија во зборови.

“Да не ги срамиме овие девојки што носат книги со себе, да го срамиме The New York Post бидејќи тоа го нарече моден додаток”, напиша една корисничка на Твитер.

“Знаете, тоа не се само добри модни додатоци. Отворете ги, ќе пронајдете и одлични зборови внатре. На пример како да го збогатите речникот и како да созреете како личност”.

“Да им се заблагодариме на сестрите Хадид бидејќи ги измислија книгите”, беше уште еден во низата коментари.

Leave a comment

error: Content is protected !!