Славниот автомобил на Бонд продаден за рекордни 6 милиони долари

Aston Martin DB5 веројатно е најпознатиот модел на автомобил кој во филмовите го возел британскиот таен агент 007.

Еден од вкупно четирите примероци на класичниот Aston Martin DB5 со геџети од филмот “Goldfinger” од 1964-та година, бил продаден минатиот викенд на аукција на куќата “RM Sotheby” во Монтереј за фантастични 6.385.000 долари.

така била надмината проценката на експертите кои пред продажбата предвидувале дека автомобилот ќе достигне цена меѓу 4 и 6 милиони, а овој филмски DB5 станал најскапиот автомобил на Бонд на сите времиња.

Иако овој модел во јавноста го прославил филмот “Goldfinger”, продадениот примерок не бил користен на снимањето на ова остварување, но бил користен во промотивни цели за следниот – “Thunderball” од 1965-та и имал исти спецификации и додатоци како тој од “Goldfinger”.

Автомобилот може регуларно да се вози по јавни сообраќајници, а сите “филмски додатоци” се функционални и може да се користат неколку пати, велат од Астон Мартин.

Меѓу нив се предниот и задниот браник, кои се продолжуваат со помош на хидраулични команди, потоа скриена метална плоча отпорна на куршуми, која исто така извлекува притисок на копче, како и скриени цевки од митралези и систем за активација на димна завеса.

Тука секако е и славниот радарски систем со екран во централна конзола, како и регистарски таблички кои се менуваат. Инаку, постапката за реставрација и модификација траела цели четири години.

Во филмот “Goldfinger”, ликот на Џејмс Бонг го толкувал Шон Конери, а како ова возило изгледало на филмското платно, можете да погледнете во приложеното видео:

Leave a comment

error: Content is protected !!