Славниот актер во центар на скандал: Осум жени го обвинуваат за сексуално злоставување

Славниот актер, 80-годишниот Морган Фримен, осум жени го обвиниле за сексуално злоставување и непримерно однесување, пренесува “CNN”.

Една од жените кои го обвиниле Фримен навела дека Морган се обидел да и го крене здолништето и ја прашувал дали носи долна облека.

 

Обвиненијата се појавиле кога неидентификувана жена за “CNN” рекла дека актерот ја злоставувал во 2015. година, кога работела како асистент во продукцијата на снимањето на комедијата “Going In Style”, во која, покрај Фримен, глумеле и Мајкл Кејн и Алан Аркин.

Таа жена тврди дека Фримен често ја допирал непримерно и имал коментари за нејзиното тело и облека.

Фримен во еден момент, наведува таа, се обидел да и го крене здолништето и ја испрашувал дали носи долна облека, нагласувајќи дека Аркин му кажал да престане со тоа.

Leave a comment

error: Content is protected !!