Слатка девојка од интернет? Внимавајте: Поради неа веќе се убиле пет мажи, а никој не знае која е таа!

Интернет измамите и заканите земаат се поголем данок, а само во Велика Британија најмалку пет мажи и деца извршиле самоубиство, откако станале жртви на овој вид на криминал.

Криминалните банди ги наведувале мажите преку интернет да зборуваат со оваа убава девојка, и ги охрабрувале на он-лајн секс. Во текот на наводниот разговор им пуштале однапред снимени видеа, на кои наводно девојката наводно го правела истото.

 

Потоа следела уцена. Или жртвата ќе го плати бараниот износ на пари, или фотографиите и експлицитните видеа ќе бидат пратени до нивните блиски.

Меѓу жртвите е 17-годишниот Ронан Хјуз од округот од Северна Ирска. Во јуни 2015. година романска банда го навела да прати свои интимни фотографии на непостоечката девојка Емили Меги. Потоа му се заканиле дека фотографиите ќе ги пратат на неговата девојка, доколку не им плати 3.000 евра. Неколку часа подоцна, Ронан извршил самоубиство.

Меѓународната истрага ги одвела инспекторите во Темишвар, во Романија, каде лидерот на оваа интернет банда бил осуден на четири години затвор. Бандата, инаку, оперирала и од кол-центри на Филипините.

Инспекторите предупредуваат дека овој проблем е во пораст ширум Европа. Зад овие измами стојат организирани банди во странство, но има и поединци кои заработуваат со ваков вид на уцени.

“Заканата со објавување на експлицитни фотографии од социјалните мрежи е идентификувана како закана во пораст во последните години и илјадници луѓе во Велика Британија се жртви на вакви уцени секоја година”, вели Рој Синклер од британската Национална агенција за криминал.

Меѓу жртвите има и деца од 14 години, а најстарата жртва е 82-годишен маж. Сепак, најмногу ги има од старосната група од 21 до 30 години. Британската полиција ги предупредила корисниците на социјалните мрежи, и ги советува  да одбиваат барања за пријателство од непознати лица.

Покрај тоа, ги повикуваат жртвите во случај на уцена да повикаат полиција, да не плаќаат откуп, да ја чуваат целосната преписка и да ја прекинат комуникацијата со таа личност.

Leave a comment

error: Content is protected !!