Скопје врие од змии- Една од „гостинките“ личи на кобра (фото и видео)

Како никогаш досега главниот град врие од змии.

Низ Скопје на повеќе локации секојдневно се појавуваат неколку видови на змии. Досега се забележани неколку видови на смокови, белоушка, поскок и шарка. Порано, најчесто вакви случаи имаше во поруралните делови околу Скопје или пак во позелените и повисоки места, но сега ги има буквално насекаде па дури и во центарот на градот.

Најверојатно масовната појава на змиите се должи на необично зголемените температури во јуни, но сепак за граѓаните е се уште мистерија- од каде толку змии во централното градско подрачје?

Многу од граѓаните, змиите ги нашле пред влезната врата, па бидејќи не можат да распознаат дали станува збор за отровен вид или пак не, змиите најчесто завршуваат убиени.

На Фесјбук се појави и видео од две огромни змии во Ѓорче Петров:

Но, најмногу коментари предизвика змијата видена кај Соборниот Храм во строгиот Центар на градот. Нејзиниот изглед најмногу потсетува на индиската кобра, па граѓаните коментираат што би можело да биде ова чудо. Дел од нив, велат дека станува збор за белоушка, а дел дека змијата има нешто голтнато, па затоа така изгледа кај главата.

Во секој случај, „дружбата“ со гостинките змии влијае застрашувачки кај скопјани.

Leave a comment

error: Content is protected !!