Скопје вчера прогласен за најзагаден град во Европа!

Веб страната “AirVisual” која ја објавува листата на најзагадени градови, го смести Скопје на првото место за најзагаден град во Европа, а петти по загаденост во светот. Пред Скопје се најдоа градовите Лахоре, Калкута, Делхи и Дака.

Скопје е најзагаден град во Европа. И без податоци од двете мерни станици во најзагадените општини кои веќе неколку месеци не работат, Скопје континуирано е во врвот на најзагадени градови во Европа.

После два дена во кој воздухот беше почист поради ветерот, повторно се враќа загаденоста во Скопје коja веќе подолго време е алармантнa. Но, и во другите градови од Македонија, ситуацијата е слична – во четвртокот во Битола против високото аерозагадување се одржаа и протести пред општината.

Leave a comment

error: Content is protected !!