Школските пријатели на Ким откриваат: Каков бил лидерот на Северна Кореја како дете

Учителите и врсниците на Ким Јонг Ун откриле каков бил севернокорејскиот лидер како дете – темпераментен, арогантен, насилен, експлозивен…

Ким одел во елитното училиште “Либефелд Штајнхелцил” во Швајцарија, во близина на Берн, од 1998. до 2000. година.

Како што навеле неговите школски пријатели и наставници, Ким бил темпераментен, не знаел да губи и верувал дека е над другите деца, вклучувајќи го и својот постар брат, Ким Јонг Чул.

“Чуден, склон кон изливи на бес и насилство, Ким бараше ропска почит од страна на другите деца. Беше склон кон насилство. Имаше две деца покрај себе. Често ги удираше”, вели изворот, додавајќи дека севернокорејскиот лидер не бил добар ученик бидејќи вниманието му било на сите страни.

Ким Јонг Ун е второ од три деца на Ким Јонг Ил и Ко Јонг Хуи. Како помлад син, не бил кандидат за наследување на династијата, но неговите доминантни карактеристики направиле да стане токму тоа.

Leave a comment

error: Content is protected !!