Скапоцен “Мерцедес” завршил во море: Сакал да го фотографира, но згазнал на погрешна педала

Новиот “Mercedes S63 4MATIC” вреден 147.000 евра, три дена лежел на дното на морето пред да го извлечат во петокот. Компанијата за помош на море, “EmergenSea”, од длабочините го извлекол на островот Угљан, бидејќи отпловил дополнителни 40-тина метри по падот во морето.

Се било готово за помалку од половина час. Скапоцениот автомобил го извлекле од четири метри длабочина за миг, но морале да почекаат водата да се излее од него.

Јосип Деур од шлеп службата дошол да интервенира на повик на својот брат Марин, кој исто така имал шлеп служба во Задар. Пред него, мерцедесот наполнет со морска вода се обиделе да го извлечат и други, но безуспешно.

Автомобилот завршил во вода бидејќи сопственикот, кој бил германски турист во Хрватска, сакал да го фотографира возилото покрај морето. Според зборовите на мештаните, наместо на кочница, притиснал на гас.

Leave a comment

error: Content is protected !!