Скандал на вториот ден од НАТО самитот: Трамп доцнел половина час, поради неговите напади исфрлени две земји и седницата била затворена!

Американскиот претседател Доналд Трамп, пристигнал денес во седиштето на НАТО во Брисел, каде се одржува вториот ден од самитот на Алијансата, но со речиси половина час доцнење – пред тоа објави низа твитови против своите сојузници. Со остра реторика продолжил на седницата, што предизвикало вонредна ситуација.

Како што рекле два извори на агенцијата “Reuters”, кога останатите членови на НАТО сојузот виделе каде оди работата, земјите партнери на НАТО, кои не се членки на алијансата, Украина и Грузија, биле замолени да ја напуштат седницата, која потоа продолжила зад затворени врати. Веста за затворената седница била потврдена и од “AP”. Исто така се наведува и дека Трамп посебно ги критикувал Германија, Шпанија и Белгија.

Инаку, американскиот претседател на состанокот доцнел цел половина час.

Но, затоа, откако пристигнал, почнал да ги напаѓа членките на НАТО околу нивното издвојување за одбраната. Трамп, во серијата твитови, напишал дека “претседателите со години од Германија и другите богати земји на НАТО се обидуваат да добијат повеќе за своја заштита од Русија”.

Проектот на гасоводот кој доаѓа од Русија, како што истакнал Трамп, е неприфатлив, бидејќи не може да се даваат милијарди долари на земји од кои се обидувате да се заштитите. Најостар бил кон Германија, за чија влада рекол дека е под тотална контрола и заложник на Русија, на што уследила лавина од реакции.

Американскиот претседател навел дека САД плаќаат десетици милијарди долари за Европа, а дека Европа е неправедна кон Америка кога станува збор за трговските договори.

Трамп заземал агресивен тон на тој самит, доведувајќи ја во прашање вредноста на воениот сојуз кој со години ја дефинирал американската надворешна политика. Побарал од членките на НАТО да го исполнат ветувањето и да уплаќаат 2 проценти од БДП во касата на НАТО, а дека тоа мора да се зголеми на 4 проценти.

 

Трамп, како што се очекува, денес ќе се сретне со лидерите на Азербејџан, Романија, Украина и Грузија,, а потоа оди во Лондон. Откако првиот ден бил во знакот на Трамп и неговите барања, вториот ден од самитот на НАТО ќе биде посветен на конфликтот во Авганистан.

Leave a comment

error: Content is protected !!