Ве интересира во кој момент некој си помислил- „Треба во прирачникот за Светско првенство да уфрлиме и прирачник за освојување на руски госпоѓици?“
Тоа се случило во Аргентина. Нивниот фудбалски сојуз изработи прирачник за Светското првенство во Русија, а едно поглавје се вика: Како да имате шанса кај руските девојки. Прирачникот го добиле тренерите, играчите, членовите на сојузот и новинарите кои треба да патуваат во Русија.
За да ги импресионирате руските жени морате „да изгледате чисто, да мирисате фино и се облекувате добро“- се вели во прирачникот. Понатаму пишува- „Руските жени се убави и многу мажи само сакаат да спијат со нив. Можеби и тие го сакаат тоа, но се личности кои сакаат да се чувствуваат важно и посебно“.
Аргентинскиот фудбалски сојуз брзо ја утврдил грешката, па ги повлекле книгичките, за да можат да го исфрлат спорното поглавје. Веднаш се извиниле и кажале дека тој дел е случајно испринтан.
Зад спорното поглавје стои аргентинскиот наставник по руски јазик- Едуардо Пенниси.