Скандал! Британски министер го ставил Путин на тоалетна хартија, Русија не коментира, а Британците порачале: Ова е срамота

Во кабинетот на Гавин Вилијамсон, британскиот министер за одбрана, била фотографирана ролна тоалетна хартија со ликот на рускиот претседател Владимир Путин. Од Кремљ одбиле да го коментираат овој случај.

Гавин Вилијамсон често користи воинствен тон во обраќањето кон Владимир Путин, но овој пат отишол чекор понапред.

Извор близок на министерот за одбрана потврдил дека ролната тоалетна хартија со ликот на Путин е забележана во неговата приватна канцеларија во Министерството за одбрана, додавајќи дека на Вилијамсон му ја подарил некој што сакал да се пошегува.

“Тоа беше подарок на шега, сите знаат дека Гавин има смисла за хумор”, соопштил изворот.

На социјалните мрежи уследиле бројни негативни коментари, а многумина сметаат дека овој потег е срамен и патетичен.

“Во тоалетот на патетичниот министер за одбрана Гавин Вилијамсон, се наоѓа тоалетна хартија со ликот на Владимир Путин и тоа е навреда за Русија. Гавин е опасно срамотен на многу начини”, напишал еден корисник на Твитер.

“Нашата сегашна влада и целиот наш систем на управување станува срамота. И тој е класичен симптом на тоа. Нивото на професионализмот е шокантен. За Путин, тоа мора да е како играње шах со бебе старо еден месец. Сосема бесмислено е да се почне било каков дијалог”, гласи друг коментар.

“Ова му помага да мисли дека е жесток, претпоставувам. Но ако некогаш се соочи со Путин лице во лице, нема да има доволно тоалет да го исчисти нередот во своите панталони”.

Потсетуваме, британскиот министер за одбрана Вилијамсон се истакнал со жестоките коментари на сметка на Москва по труењето со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал на почетокот на минатата година во Солисбери.

Leave a comment

error: Content is protected !!