Сите жени го прават тоа, а оваа трудница за малку ќе ослепела: Последиците се катастрофални, еве за што станува збор

Трудницата Стејси Бол го изгубила видот на два дена откако отишла на третман кој во последно време е популарен кај девојките.

Имено, таа веќе со години ставала вештачки трепки во истиот салон, но сега таа посетила салон кој бил поблиску до нејзиниот дом. Козметичарката ја прашала дали сака да направат тест за алергија, меѓутоа таа одбила бидејќи веќе три години става вештачки трепки и никогаш немала проблеми.

“Се чувствував поразлично, не ми беше пријатно. Во еден момент ми влезе лепак во око козметичарката брзо го исчисти, но многу болеше”, рекла таа.

Кога отишла дома, видела дека очите и отекле и дека почнала да крвари.

“На почетокот ја игнорирав, но болката стануваше се посилна и посилна. Беше престрашно, мислев дека ќе ослепам, се помалку и помалку гледав”, вели таа. Веднаш отишла на лекар кој и дал капки за очи, но ситуацијата не се поправала.

“Го изгубив видот, ми се матеше пред очите, не можев ни да ги отворам, едноставно не гледав ништо. Се исплашив, не сакав да ослепам. Со денови имав силни главоболки, болки под очите, имав температура, многу се плашев, а бев и бремена. Морав повторно да одам на лекар”, вели таа.

Исплашена дека ќе го изгуби видот, се јавила во салонот во кој и ги ставиле трепките за да им соопшти дека трпи страшни болки. Меѓутоа, тие не преземале одговорност.

 

https://platform.twitter.com/widgets.js

Leave a comment

error: Content is protected !!