Сите зборуваат за втората средба на Трамп и Ким, а еве каде би можела да се одржи

Трамп во саботата навечер изјавил дека “работите одат многу добро со Северна Кореја” и дека планира да одржи втора средба со лидерот на таа земја, Ким Јонг Ун.

Службениците на американската администрација планираат вториот самит меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун да биде одржан во Виетнам, наведува “Bloomberg” повикувајќи се неименувани извори.

Самитот, планиран за февруари, веројатно ќе биде одржан во Ханој, престолнината на Виетнам, но како можно место за најавената средба се разгледува и Дананг, каде во 2017-та година ќе биде одржан состанок меѓу земјите учеснички на форумот за азиско-пацифичка економска соработка, како и градот Хо Ши Мин на југот на земјата.

Трамп во саботата навечер изјавил дека “работите одат многу добро со Северна Кореја” и дека планира да одржи втора средба со лидерот на таа земја, Ким Јонг Ун, на кој ќе се обиде да обезбеди договор со кој ќе ја поттикне Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје.

“Се договоривме да се состанеме веројатно кон крајот на февруари. Одбравме земја, но тоа ќе го објавиме во иднина. Ким Јонг Ун се радува на средбата, како и јас”, рекол Трамп пред новинарите.

AP наведува дека на првиот состанок на Трамп и Ким минатиот јуни во Сингапур бил постигнат нејасен договор за денуклеаризацијата по кој имало мал опиплив напредок.

Се потсетува и дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјавил дека е “крајно време” за сериозни преговори меѓу САД и Северна Кореја, на кои би се изнела “мапа на пат” за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Leave a comment

error: Content is protected !!