Сите следат што се случува: И Елон Маск би им помогнал на децата од пештерата!

Американскиот милионер Илон Маск рекол дека со задоволство би помогнал во спасување на младите фудбалери од Тајланд, кои веќе неколку дена се заробен во пештерата.

Еден корисник на Твитер го прашал Маск дали би можел некако да им помогне на децата кои се заглавени во пештерата.

„Претпоставувам дека тајландската влада држи сè под контрола, но со задоволство ќе помогнам ако постои било каков начин тоа да се направи“, напишал во објавата.

Потсетуваме дека децата и нивниот тренер биле пронајдени на 2 јули, по 10-дневна потрага. Спасувачите се во паника затоа што повторно се очекуваат врнежи во наредните денови. Силниот дожд може да го зголеми нивото на вода во пештерата и да го загрози засолништето на групата.

Според изјавите на пожарникарите, одредени делови кои водат до местото каде што се најдени децата – се потполно поплавени. Поради тоа, засега единствениот начин тие да излезат е да нуркаат низ тесните и мрачни тунели, а тој начин на спасување, за искусните нуркачи трае и по шест часа.

Многу од децата не знаат да пливаат и би требало да поминат основна обука за нуркање.

Не е јасно дали Маск ќе допринесе за спасување на децата и на кој начин би се случило тоа. Меѓународните спасувачки тимови веќе се дојдени на местото и се обидуваат да ја остварат оваа комплексна мисија. Но, јасно е зошто корисникот на Твитер му се обрати токму на него – милијардерот во моментов е многу ангажиран околу раскопувањето на тунелите, преку компанијата „Boring“.

Маск во неколку големи градови во САД, вклучувајќи го и Лос Анџелес, прави подземни мрежи за супербрз транспорт во рамките на проектот „Lup“.

Leave a comment

error: Content is protected !!