Сите имаат повеќе од 50 години, но и една заедничка работа: Никогаш не направиле операција за да бидат убави

Веќе сме навикнати на тоа познатите дами во светот да “одат под нож” за да изгледаат помладо и поубаво.

Но, дури и помеѓу сите тие познати личности постојат и оние кои не се плашат од стареењето и го прифаќаат, одбивајќи да се подложат на естетски зафати. Еве кои славни дами се љубители на природниот изглед:

Шерон Стоун

Шерон Стоун вежба 4 до 5 пати неделно и внимава на негата на кожа. Во едно интервју изјавила дека никогаш не се подложила на естетски зафати.

Брук Шилдс

Поранешниот модел и актерка признава дека во една прилика испробала ботокс, но не ѝ се допаѓал резултатот. Во секој случај таа не сака да се обрати кај пластичен хирург бидејќи “се плаши дека би можела да изгледа како Џокер”.

Џоди Фостер

Актерката Џоди Фостер смета дека модерното општество им наметнува на жените да се трансформираат во нешто што не се поради модните стандарди. Фостер повеќе пати се изјаснила дека е против пластичната хирургија и не се плаши од своите брчки.

Селма Хаек

Атрактивната актерка во бројни интервјуа нагласила дека никогаш не “отишла под нож”.

Ема Томпсон

Познатата актерка заедно со Кејт Винслет и Рејчел Вајс е основач на Британската лига против пластични операции. Ема смета дека ботоксот е чисто лудило и воопшто не го препорачува.

 

Сигурни Вивер

Вивер неодамна изјавила дека ѝ се допаѓа стареењето и дека нема ништо одвратно кога станува збор за брчките.

 

Хали Бери

Актерката тврди дека никогаш нема направено пластична операција. Таа е сепак огромен обожувач на спортот: на нејзиниот Инстаграм профил постојано споделува фотографии и видеа на кои тренира.

Синди Крафорд

Поранешната манекенка води огромна грижа за својата кожа и редовно вежба. Синди е “зависник” од кремите со заштитен фактор, маските за лице и хидратантните препарати.

Жулиет Бинош

Оваа француска актерка често истакнува дека ботоксот и имплантите не се потребни и советува да се пие големо количество на вода.

Изабела Роселини

Во едно од своите интервјуа, актерката нагласила дека никогаш нема направено пластична операција. А која е тајната на нејзиниот младешки изглед? Микс од органска храна и добра крема за лице!

Енди Мекдауел

Енди Мекдауел е сигурна дека не ѝ е потребен ботокс ниту затегнување на лицето. Таа едноставно се грижи за својата кожа и води здрав начин на живот.

Leave a comment

error: Content is protected !!