“Siri” ќе почне да препознaва со кого разговара!

Паметните звучници како што е HomePod на Apple веќе полека, но сигурно стануваат дел од секој „паметен дом“ ширум светот.

Меѓутоа, проблем настанува кога сите членови на семејството користат еден паметен звучник, па тајните пораки повеќе не се тајни. За среќа, од Apple планираат наскоро да ја решат оваа ситуација.

Имено, гласовниот асистент Siri на американската компанија, наскоро ќе може да препознае со кого разговара.

Од Apple го развиле патентот USPTO (United States Patent and Trademark Office) кој што детално го опишува системот за профилирање на корисникот за обработка на гласовните пораки кој што ќе биде вграден во гласовниот асистент Siri.

Според податоците од новиот патент, Siri ќе може да сочува повеќе кориснички профили и да препознае со кого разговара. Така, сите членови на едно семејство ќе можат да имаат посебни кориснички профили, а сето тоа ќе го олесни пребарувањето на податоците на паметниот уред.

Новите способности на Siri ќе ја зголемат и приватноста на корисниците. Секој корисник ќе може да ги сочува своите приватни пораки без страв да не ги прочита или слушне некој друг.

Засега не е познато кога унапредениот гласовен асистент на Apple ќе пристигне кај паметните уреди на оваа компанија.

Leave a comment

error: Content is protected !!