Синот на Осама подготвува одмазда: Хамза бин Ладен направил нешто поради што сите стравуваат од крвав напад

Хамза бин Ладен, синот на покојниот лидер на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, се оженил со ќерката на Мохамед Ата, главниот киднапер на авионот во терористичките напади на Америка на 11. септември 2001. година.

Полубраќата на Осама бин Ладен ја потврдиле оваа информација во интервју за “Guardian”. Ахмед и Хасал Ал Атас рекле дека веруваат дека Хамза бин Ладен заземал висока позиција во Ал Каеда и дека планира да ја одмазди смртта на својот татко, кој бил убиен во американска воена рација во Пакистан пред 7 години.

Хамза е син на една од трите преживеани сопруги на Осама бин Ладен, Хаира Сабар, кој со покојниот сопруг живеела во комплексот Аботабад во близина на пакистанската воена база, кога била спроведена акција во која нејзиниот сопруг бил убиен. Од тогаш, Хамза често јавно се огласувал повикувајќи ги приврзаниците да водат војна против Вашингтон, Лондон, Париз и Тел Авив. Се верува дека се наоѓа на местото земеник на сегашниот лидер на таа терористичка организација, Ајман ал Завахири.

“Слушнавме дека се оженил со ќерката на Мохамед Ата”, рекол Ахмет ал Атас. “Не сме сигурни каде се наоѓа моментално, но би можел да биде во Авганистан”.

Западните разузнавачки служби се повеќе се сконцентрирани на тоа каде се наоѓа Хамза бин Ладен во последните две години, бидејќи го сметаат за еден од најуспешните во регрутирање на приврзаници. Неговиот брак со ќерката на Ата потврдува дека и самата Ал Каеда и натаму се организира околу тоа што останало од Осама бин Ладен.

Другиот син на покојниот лидер на Ал Каеда, Халид, бил убиен при американски упад во Аботабад. Третиот, Саад, загинал во напад со дрон во Авганистан во 2009. година. На основа на писмата на Осама бин Ладен запленети ви комплексот, се заклучува дека таткото го подготвувал Хамза да го наследи. Сопругата на Бин Ладен и децата кои преживеале се вратиле во Саудиска Арабија, каде поранешниот принц Мохамед бин Најеф им пружил засолниште.

“Кога помисливме дека се е готово, следно што слушнав е дека Хамза подготвува одмазда за својот татко”, рекол Хасан Ал Атас. “Не сакам повторно да минувам низ тоа”.

Семејството тврди дека не се слушаат со Хамза и не знаат каде е.

“Кога би се нашол Хамза сега пред мене би му рекол: Размисли два пати за тоа што го правиш. Не го следи патот на твојот татко”, додал Ал Атас.

Leave a comment

error: Content is protected !!