Синди вака изгледа бидејќи се чувствува “моќно”: Мајката на две деца сака да личи на кукла и не планира да престане со зафатите

На фотографиите во главно е провокативно облечена, во костим за капење или со многу мали градници, а Синди открила дека почесто поставува свои фотографии, отколку, на пример, од своите деца.

Мајката на две деца од Велика Британија, која потрошила повеќе од 10.000 евра за да изгледа како вистинска кукла, тврди дека тоа не ја спречило да биде добар родител.

32-годишната Синди Мур од Манчестер некогаш имала 107 килограми и носела огромна облека, но откако изгубила повеќе од 40 килограми и го намалила конфекцискиот број за шест, почнала да се фали со својот изглед на Инстаграм.

На фотографиите во главно е провокативно облечена, во костими за капење или во многу мали градници, а Синди открила дека почесто поставува свои фотографии, отколку, на пример, од своите деца.

“Луѓето мислат дека поставувам фотографии бидејќи сакам секс или маж, но тоа не е вистина. Ги објавувам бидејќи мислам дека се одлични и затоа што поради нив се чувствувам добро”, рекла Синди.

Синди рекла дека се чувствува моќно и секси кога ќе облече одредено парче облека.

Поради големите гради и усни, луѓето и велат дека личи на кукла, а таа тврди дека имала само едно зголемување на градите. Од друга страна, редовно оди на пумпање на усните.

“Вкупно потрошив околу 10.000 евра на операции на градите и останати зафати на лицето. Меѓутоа, не сум задоволна со нивната големина, би сакала да се уште поголеми”, рекла таа.

Синди има две деца, 9-годишната ќерка Лејла и 7-годишниот син Макс, а по нивното раѓање, многу се здебелила.

Откако раскинала со последното момче, решила да поработи на себе, па така ослабела повеќе од 40 килограми.

Синди често е на удар на критики поради провокативните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи, додека воспитува две деца помлади од 10 години.

“Се додека не ги доведувам децата во опасност, ќе го правам тоа што го сакам и тоа што прави да се чувствувам добро”, заклучила оваа мајка.

Leave a comment

error: Content is protected !!