Син на руски тајкун брутално убил порно актерка со 100 удари – се наоѓа во бегство, а полицијата има страшен прекар за него

32-годишниот Андреј Деменков, син на руски тајкун, брутално ја претепал, а потоа и ја убил ескорт девојката и актерка во филмови за возрасни, 21-годишната Олга Кудрова. Деменков, кој има историја на насилство над жени, за што не бил казнуван, моментално е во бегство.

Деменков, инаку поранешен извршен директор на рускиот гигант “Gazprom”, порно актерката Олга Кудрова ја убил со повеќе од 100 удари со тап предмет. Исто така, се обидел да ја удави Кудрова, се наведува во кривичната пријава.

Полицијата вели дека жртвата работела како ескорт и актерка во филмови за возрасни, но дека пред да оди кај Деменков, на роднините им кажала дека оди кај човекот што го сака. Кудрова инаку станала и мајка на почетокот на оваа година.

Татко на осомничениот е 69-годишниот Валериј, поранешен полицаец, денес е богат руски тајкун. Токму тој го пронашол телото на Олга Кудрова во бањата на својот син, откако отишол кај него, бидејќи Андреј не му се јавувал на телефон.

“Деменков во јули наводно киднапирал и сериозно претепал 32-годишна жена во неговиот стан во Санкт Петербург, каде Кудрова била пронајдена мртва. Неговите жртви биле уште четири сексуални работнички, кои исто така ги напаѓал и кои претрпеле сериозни повреди, потврдила полицијата. Една од нив минала со скршена нога, а останатите со скршени ребра. Трите одбиле да поднесат официјална пријава против него, во страв дека нивните идентитети ќе бидат јавно објавени”, потврдиле надлежните.

Агресивниот син на рускиот тајкун претходно бил осуден за киднапирање на сопругата на својот пријател, која четири дена ја мачел, пред да побегне и да успее да ги алармира соседите, наведува “Daily Mail”. За овој брутален напад добил само условна казна, бидејќи на суд се покајал.

Полицијата, која осомничениот го нарекла “Русобрад”, предупредила дека Деменков претставува опасност за жените. Прекарот потекнува од француската легенда за богатиот “Русобрад”, кој убивал жени и ги криел нивните тела во собата на својот замок.

Адреј Деменков моментално е во бегство. Пред да исчезна, на еден од своите профили на социјалните мрежи напишал дека “никогаш не треба да им се верува на жените”.

Leave a comment

error: Content is protected !!