Connect with us

Repriza.mk

Си снимал риби, па го проголтал кит!

Инфо

Си снимал риби, па го проголтал кит!

Toa што го доживеал Јужноафриканецот Рајан Шимпф во текот на нуркањето е слично со библиската приказна за Јона.

Имено, Рајнер нуркал во близина на градот Порт Елизабет снимајќи сардини, кога за малку ќе го проголтал кит.

“Само се појави под мене, голташе риби и така ме голтна и мене”, рекол Рајнер, на кого дури и нозете му виселе од устата на китот.

Остатокот од екипата во шок ја набљудувал оваа глетка.

“Почувствував притисок околу половината и веднаш знаев што се случи. Китот случајно ме вовлече во својата уста заедно со својот главен оброк, сардините”, навел Шимпф, наградува експерт за зачувување на подморскиот живот со 20-годишно искуство.

За среќа, огромниот цицач увидел дека нешто не е во ред, па самиот го плукнал. Рајнер се извлекол без никакви повреди. Кога видел дека се минало добро, се вратил во водата.

Leave a comment

Continue Reading
You may also like...

More in Инфо

To Top
error: Content is protected !!