Си превела на “Google Translate”, па ја истетовирала реченицата на цело тело – сега цел свет и се смее

Турската медиумска личност, неочекувано стекнала светска популарност од погрешни причини. 26-годишната Наз Мила веројатно ќе остане запаметена како девојка која преку своето тело истетовирала бесмислица од “Google Translate”.

Мила е девојка родена во Азербејџан, која е ријалити ѕвезда со повеќе од 860.000 фанови на Инстаграм. Во недела објавила нова фотографија на оваа социјална мрежа, надевајќи се дека ќе ги израдува своите фанови.

Тоа било фотографија на која Мила е полугола, со огромна тетоважа од гради до колена. Единствен проблем е тоа што, тетоважата немала смисла.

Тоа било тетоважа со реченица која оригинално веројатно требало да гласи – “Само Бог може да ми суди и простува”, што е популарна изрека.

Но, наместо тоа, реченицата која ја истетовирала на своето тело гласи: “Јас можам да му судам само на еден бог со своите грешки и моите грешки”.

Наводно, ни Мила, ни уметникот кој бил задолжен за тетоважата не познаваат добро англиски јазик, па турската реченица само ја провлекле низ “Google Translate”.

Откако била вирално исмеана од многу луѓе кои всушност знаат англиски јазик, Мила прво ги исклучила коментарите под фотографијата, а потоа и ја избришала.

Leave a comment

error: Content is protected !!