Си ги пребарала името на интернет и пронашла голем број на порно-фотографии од себе

Тинејџерката од Австралија еден ден за забава сакала да го “изгугла” своето име на интернет, но притоа наишла на стотина лажни порно-фотографии и експлицитни снимки.

Ноел Мартин од Перт имала само 18 години кога открила бизарни фото-монтажи.

“Тоа беше прилично понижувачки и болно за мене. Тој удар на достоинството не може лесно да се опише, буквално ве уништува како личност”, изјавила оваа, сега веќе, 23-годишна дипломирана правничка.

Како што рекла, некој на интернет ги земал нејзините фотографии за потоа да креира спорни фотографии и снимки, и после тоа ги објавил на Фејсбук.

Тоа што најмногу ја исплашило е фактот дека некои од фотографиите настанале на места на каде живеела и студирала.

“Имаше моменти кога по гледањето на тие фотографии само можев да лежам и да плачам во креветот. Не можам со зборови да опишам како се чувствувам кога прв пат го видов сето тоа. На некои фотографии се пишувало дека сум глупава крава. Дури и ме ставија на насловни фотографии на порно филмови, а на една од нив пишување “Третирај ме како к**ва на фронтот””, напишала таа на социјалните мрежи.

Кога овој инцидент го пријавила во полиција, и кажале дека е самата виновна и дека треба да биде внимателна со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.

Инаку, во Австралија овој вид на малтретирање е во експанзија, па така секој петти Австралиец на возраст од 16 до 49 години е жртва на вакви или слични фотомонтажи.

Leave a comment

error: Content is protected !!