Швеѓаните даваат плата од 2.000 евра за да не работите ништо: Само треба да дојдете на железничката станица, а позицијата е загарантирана до крајот на животот!

Ако ви се допаѓа идејата да примате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој го финансира владата, има за цел еден среќен кандидат да го вработи во Гетеборг. Се што вработените треба да прават е да се појават на железничка станица во одредено време и да го запалат светлото.

После тоа може да одат каде сакаат и да прават што сакаат, но на крајот на смената мора повторно да се појават на станицата и да го исклучат светлото!

Тоа што е најневеројатно во целата замисла е позицијата да се гарантира до пензија со плата од 2.000 евра, со годишно зголемување, годишни одмори и уплати во пензискиот фонд. Се додека вработениот не пронајде друга работа, позицијата му е загарантирана до крајот на животот.

Се почнало пред две години кога бил распишан конкурс за уметници кои, за награда од 670.000 евра, мора да го осмислат изгледот на железничката станица во Гетеборг. Уметниците Симон Голдин и Јакоб Сенеби ја добиле идејата парите од наградата да се пренасочат на работно место за човек “кој не работи ништо”.

Основале дури и фондација за да го избегнат оданочувањето на парите од наградата, а потоа вложиле се во акции. Процениле дека вработениот ќе можат да го плаќаат вечно и дека за таа позиција ќе имаат пари за следните 120 години.

Сепак, оваа одлука не наишла на воодушевување бидејќи некои политичари ги обвиниле уметниците дека ги расфрлаат парите на даночните обврзници. Други ги обвиниле дека идејата им е лоша.

Всушност, уметниците не се согласуваат со тоа.

“Целиот концепт некој да се појавува секој ден на работа за да го вклучи и исклучи светлото е глупав и непродуктивен, но тоа е и суштината на оваа наша идеја”, велат тие.

Leave a comment

error: Content is protected !!