Што вози Луис Хамилтон: Погледнете како изгледа специјализираниот Pagani Zonda 760LH на популарниот Ф1 возач

Кога се тркате во еден од најбрзите тимови на Формула 1, тоа претставува и повеќе од доволна причина да бидете ѕвезда. Луис Хамилтон не само што е еден од најдобрите Ф1 возачи во историјата, туку веројатно и еден од најпопуларните, а реткиот Pagani модел е неговиот избор кога се во прашање автомобилите за приватна употреба.’

Дали воопшто некој автомобил може да ви биде предизвик или да ви приушти задоволство кога возите болид на Формула 1? Што се однесува до перформансите, одговорот е – не. Луис Хамилтон досега имавме можност да го видиме во автомобили како што се Maserati GranCabrio или Shelby Cobra 427 SuperSnake, но овој возач поседува и SL 65AMG Black Series, SLS AMG Black Series и McLaren MP4-12C.

Од друга страна, моделот Pagani Zonda 760LH, направен е специјално по неговите барања. Популарниот сопственик го нарекува својот автомобил “Бетмобил”, додека за убавината на овој модел всушност и не треба да се зборува.

Pagani Zonda 760LH доаѓа со 760 коњски сили и мануелен менувач, што само ја докажува љубовта кон Хамилтон кон вистинското возење. 760LH постигнува 100 км/ч. за помалку од три секунди, а доколку некој на овој свет може да го изведе тоа со механичка трансмисија, тоа е дефинитивно Луис Хамилтон.

Leave a comment

error: Content is protected !!