Што смеете, а што не и во кои количини да внесете во Грција и другите земји во Европа

За повеќето намирници не е потребна потпишана меѓународна санитарна потврда.

Главна дилема  на оние кои одат на пат за Грција, Турција, Хрватска, Црна Гора и другите земји на ЕУ е колку храна, цигари или алкохол смеат да понесат. На сите земји членки на ЕУ, но и кандидати, се применуваат слични регулативи, кои подразбираат разумни количини, како за храна, така и за пијалаци и цигари. Но не сите, постојат и намирници кои никако не смеете да ги пренесете.

Оние кои не сакаат да ризикуваат некој на границата да им го одземе купеното или да ги врати поради вредноста на робата која ја носат со себе, треба да се запознаат со најважните правила кои се почитуваат при влегувањето или излегувањето од тие земји. За повеќето намирници не е потребна пропишана меѓународна санитарна потврда.

Во ЕУ не е дозволено внесување на месо, млеко и млечни производи од земјите кои не се членки на ЕУ, а дозволено е со себе да понесат 2 килограми млеко во прашок за бебе или храна за посебно потреби, како и до 2 килограми храна за домашни миленичиња. Можат да внесат мали количини на растителни производи, и во тој случај не се врши фитосанитарен преглед.

Доколку патите од хронични болести или сакате со себе да понесете нешто од лекови “за не дај Боже”, дозволено е да ги понесете за лични употреби, но во количини неопходни за вообичаена терапија и тоа со поседување на медицинска документација.

Цигари

Кај цигарите постојат поголеми отстапки, зависно од земја до земја. Дозволено е:

– 200 цигари или

– 100 цигарилос со тежина од 3 грама по парче или

– 50 цигари или

– 250 грама тутун за пушење

Грција во друмскиот сообраќај има посебни правила според кои дозволено е да се носи следната количина на тутунски преработки:

-40 цигари или

-20 цигарилос или

-10 цигари или

-50 грама тутун за пушење

Кога патувате во Турција, лицата постари од 18 години во личниот багаж можат да внесат:

-200 цигари и

– 5 цигарилос и

– 10 цигари и

-200 грама тутун за пушење или

-200 грама тутун за џвакање или

-200 грама тутун за наргиле или

-50 грама тутун за шмркање

Алкохолни пијалаци

Помладите од 17 години не можат да влезат во Грција или Црна Гора со алкохол. Цариниците водат сметка секоја комбинација од алкохол и алкохолни пијалаци за секој патник, освен за пиво и вино, да не биде во збир од 100 проценти алкохол.

Грција:

– 1 литар алкохолен пијалак со удел на алкохол поголем од 22% или

– 2 литри алкохолен пијалак со удел на алкохол помал од 22% или

– 4 литри вино или

– 12 литри пиво

Црна Гора:

– 1 литар жесток алкохолен пијалак

– 2 литри вино

Турција:

– 1 шише од литар или 2 шишиња од 750 мл алкохолен пијалак или воно

Хрватска:

– 1 литар алкохолен пијалак со удел на алкохол поголем од 22% или

– до 2 литри алкохолен пијалак со удел на алкохол помал од 22% или

– 4 литри вино или

– 16 литри пиво

Бугарија:

– 1 литар алкохолен пијалак со удел на алкохол од 22 % или,

– 2 литри алкохол со алкохолна содржина помала од 22% или,

– 4 литри вино

– 16 литри пиво

Внесување и изнесување на пари

На основа на Уредбата на Европската комисија 1889/2005 за контрола на парите при влез и излез од подрачјето на ЕУ, патниците имаат обврска да пријават во царинската служба за парите кои го носат со себе и тоа во износ од 10.000 евра или повеќе.

Во други земји, како Турција, тој лимит е поразличен, па така изнесувањето на пари од Турција е лимитирано на 5.000 евра.

Leave a comment

error: Content is protected !!