Што се случувало кога на бродот било донесено телото на Бин Ладен: Го плукале неговото безживотно тело, а вака бил фрлен во морето

Единствената порака која тој ден пристигнала на воениот брод на сред океанот била – “Го имаме”. Тој ден сите врски на бродот биле исклучени, иако обично се вклучени цело време.

Морнарите можеле да гледаат само CNN. Нешто чудно се чувствувало на бродот, а маринците меѓусебно си шепотеле. Никој не добил официјална потврда, но сите знаеле – “Го имаме”.

Тоа значело дека Осама бин Ладен е убиен, а дека неговото тело е токму на нивниот брод. Кога тоа било и потврдено, атмосферата на бродот “експлодирала” како Тајмс Сквер во Њујорк за новогодишната прослава.

“Истрчав на долната палуба за да видам што се случува. На патеката за полетување имаше два офицери кои во истиот момент ме вратија назад. Пред да се вратам, ја видов сцената во која двајца мажи од хеликоптер вадат едно тело”, рекол еден од морнарите.

Тешко било да се чува просторијата во која било телото на Бин Ладен, бидејќи морнарската менза била точно под таа просторија и единствен пат до мензата бил токму од таму.

Морнарите биле гладни и јаделе чоколади што ги сочувале од претходно, а кога дошла новата смена и прашала што се случува, еден од морнарите рекол дека се редат пред хангарот бидејќи добиле дозвола да го удираат телото на Бин Ладен со бејзбол палки, но тоа набрзо дошло до шефовите на бродот, кои ја забраниле таа идеја.

Неколку часа подоцна, на морнарите им било кажано дека телото е подготвено според сите правила на муслиманската вера: било замотано во бела покривка, легнато на десна страна, а планирано било да се погреба на море, односно телото да му се фрли кон североисток, кон Мека.

На морнарите неофицијално им било потврдено дека со ДНК анализа било установено дека навистина станува збор за телото на Бин Ладен, а неколку маринци плукале по него, го удирале, па го превртеле телото од една страна на друга. Ниедна држава не сакала да преземе одговорност за телото, па затоа бил погребан на море. Исто така, не сакале да погребаат на почва, бидејќи постоел ризик неговиот гроб да стане некој вид на светилиште.

“Business Insider” се обидувал од Пентагон да добие потврда за тоа дали маринците навистина го тепале и плукале телото. “Никогаш не би простиле такво однесување”, рекол Џони Мајкл, портпарол на Пентагон кој не сакал да одговори на прашањето дали ќе се истражи тој случај.

Leave a comment

error: Content is protected !!