Што се случува со организмот ако консумирате само газирани пијалаци

Сигурни сме дека веќе знаете за штетноста на газираните сокови и нивното влијание врз организмот, но дали сте се запрашале што всушност се случува со нашето тело доколку секојдневно ги пиеме овие пенливи пијалаци.

Постојат многу лица, а се’ повеќе и деца, кои секојдневно пијат газирани сокови, а некои ги користат и како примарен извор на течности. Еве што се случува доколку консумирате само газирани пијалаци.

Глеѓта на забите започнува да се оштетува по само една голтка. Високата содржина на киселината во пијалакот почнува да ја оштетува забната глеѓ, а шеќерот помага да се забрза процесот на создавање кариес. Потребна е само една лименка газиран пијалак за вашиот мозок да почне да “моли” за повеќе. Во една лименка има околу 46 грама шеќер, а една чаша сок секој ден води до околу 5400 калории неделно.

Газираните безалкохолни пијалаци можат да доведат до прејадување. Овие пијалаци го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, а истите не го стимулираат лачењето на хормоните инсулин и лептин во нашето тело.

Погледете го овој видео клип кој детално ќе ви покаже какви се’ негативни процеси се одвиваат во вашето тело доколку консумирате газирани пијалаци како примарен извор на течности.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!