Што прави севернокорејскиот диктатор во мракот? Правел чести паузи на патот за Виетнам, а еве зошто

Лидерот на Северна Кореја допатувал во Виетнам со својот специјален зелено-жолт оклопен воз до станицата Донг Данг, на кинеско-виетнамската граница и потоа до Ханој го продолжил патот со црна лимузина од марката “Mercedes”.

Ким пристигнал во Виетнам по речиси 70-часовно патување со воз, а многу често бил гледан со цигара во раката.

Јапонската телевизија TBS го прикажала лидерот на Северна Кореја, кој направил пауза за цигара во зората, на железничката станица Нанинг во Кина, по што го продолжил патот во Ханој.

Тој допатувал со група соработници, вклучувајќи ја и неговата помлада сестра.

Ким и Трамп, кои се состануваат втор пат, би требало да разговараат за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Самитот на двајцата лидери ќе се одржи во среда и четврток во Ханој.

Leave a comment

error: Content is protected !!