Што може да ви направи пиењето на енергетски пијалаци во големи количини?

Откако секојдневно пиел најмалку шест енергетски пијалаци, учителиот Ден Ројалс покажал што таквата навика му направила на неговиот јазик, пишува “Metro”.

Во Фејсбук групата “Get It Off Your Chest” објавил фотографија од својот јазик на која се гледа како ткивото на некои места е многу нагризано.

“Кој сѐ уште пие енергетски пијалаци? Зависни сте од нив. Размислете малку за тоа. Добро погледнете ја оваа фотографија, еве што ви прават тие на јазикот. Замислете што се случува со внатрешните органи”, напишал Ден.

Додал и дека промените на јазикот ги забележал откако некој период пиел по шест енергетски пијалаци дневно. Кога посетил доктор, дознал дека хемикалиите од енергетските пијалаци буквално го нагризале неговиот јазик.

Иако Ројалс не објаснил како точно дошло до ова, познато е дека забарите предупредуваат на штетните последици на големата количина на шеќери во енергетските пијалаци врз оралното здравје.

“Студијата спроведена во САД покажува дека киселината и големата количина на шеќери во енергетските пијалаци можат да предизвикаат кариес”, наведува “World Health Organization”.

Leave a comment

error: Content is protected !!