Шокантни тврдења на ватикански бискуп: Мигрантската криза во ЕУ е осмислена со само една цел

Европската мигрантска криза е всушност добро осмислен план на Џорџ Сорош и неговите пријатели, со цел да се искорени христијанството на Западот, тврди високиот ватикански бискуп Атанасиус Шнајдер.

Тој во интервјуто за италијанскиот весник “Il Giornale” тврдел дека католичката црква се користи за промена на христијанските корени во Европа.

“Мигрантската криза претставува план воден и долгорочно подготвуван од страна на меѓународните власт за да радикално да се промени христијанскиот и националниот идентитет на народите на Европа”, им рекол Шнајдер на новинарите.

За да ги постигнат своите цели, тие го злоупотребуваат “вистинскиот концепт на хуманизмот, па дури и христијанските заповеди за љубов, користејќи го моралниот авторитет на црквата за антихристијански цели” пишува “Брејтбарт”. Моќниците го користат “огромниот потенцијал на црквата и нејзините структури за да ги постигнат своите антихристијански и антиевропски цели”, вели бискупот Шнајдер.

Разговорот бил објавен на сред низата иницијативи на папата Франциско да се “промени начинот на размислување” за миграцијата и укажување на “позитивен придонес” за неа, а не на нејзините последици. Запрашан за мислење за италијанскиот шеф на дипломатијата, Матео Савини, противник на примање на мигрантите, бискупот го пофалил општиот смер кој Италија сега го презема, посебно кон ЕУ.

Бискупот рекол дека ќе ја поздрави владата на било која европска нација која “се обидува да го нагласи својот суверенитет и својот историски, културен и христијански идентитет”.

Бискупот Шнајдер бил критикуван како и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој исто таа велел дека мигрантската криза ја финансира Сорош, сакајќи да го задржи христијанскиот идентитет на Европа.

Унгарскиот премиер во 2017. година рекол дека Сорош планира во ЕУ да доведе милиони мигранти годишно за да создадат имиграциска сила во ЕУ, која ќе го поткопа националниот суверенитет на државите членки.

Leave a comment

error: Content is protected !!