Шокантен пресврт во потрагата по исчезнатото дете: Пронајдено е мртво во терористички камп за обука на деца за масакри по американски училишта

Американската полиција која во еден магацин во Ново Мексико пронашла 11 изгладнети деца на возраст од 1 до 15 години и уапсила двајца мажи, дошла до страшно откритие.

Уапсените Сирај Вахај и Лукас Мортен всушност се исламски терористи кои обучувале киднапирани деца за масакр со оружје по училишта. Еден од двајцата исламисти, Сирај Вахај, е татко на исчезнатото 3-годишно дете чии остатоци се пронајдени во пустина.

Потрагата по исчезнатиот Абудл Вахај, детето кое имало сериозни здравствени проблеми, полицијата ја одвела до скривницата, односно до кампот за подготовка на терористички напади.

Освен Вахај, на имотот биле пронајдени и уапсените Лукас Мортен, Џени Ливеј, Хаџра Вахај и Сабхана Вахај. Против нив се поднесени пријави за злоставување на деца, кои биле пронајдени во ужасна состојба.

Вахај во моментото кога бил уапсен бил вооружен до заби. Тој во себе имал пушка AR-15, со пет полни шаржери со по 30 куршуми и четири наполнети пиштоли, вклучувајќи еден во џебот кога бил фатен.

Откриено е дека Вахај на мајката на своето дете, кое бил пронајдено мртво, и кажал дека сака да го истера ѓаволот од него. Тригодишното дете патело од епилептички напади и не можело да оди.

Вахај инаку е син на имам од Бруклин кој има исто име, а кого американските обвинители го именувале како заговорник во нападот на Светскиот Трговски центар. Вахај постариот не е осуден бил сведок во судењето на шеик Омар Абдел Рахман, познат како слепиот шеик, кој бил осуден на доживотна робија.

Шерифот Џери Хогрефе, кога биле пронајдени децата, изјавил дека за 30 години, колку што е полицаец, никогаш не видел нешто слично.

Leave a comment

error: Content is protected !!