Шокантен пресврт во мистеријата за најголемиот сериски убиец! Историчар тврди – Џек Мевосек бил – жена!

Мистеријата поврзана со страшниот убиец Џек Мевосек, доживеала пресврт – новата теорија тврди дека е можно серискиот убиец да бил жена.

Иако ниедна теорија за идентитетот на убиецот никогаш не е потврдена, се појавила приказна за помошничка на доктор која мразела проститутки бидејќи не можела да има деца.

Првата жртва на Мевосек била проститутката Мери Ен Николс во 1888. година, по што убил уште четири проститутки.

Историчарот Џон Морис во 2012. година ја објавил книгата “Рака на жена”, во која претставува теорија дека озлогласениот убиец всушност бил жена.

“Ја извадила матката на дури четири од пет жени, а кај петтата се видело дека се обидувала”, објаснил тој во книгата.

Нејзиното име, според неговите теории, е Лизи Вилијамс.

“Вилијамс не можела да има деца. Се верува дека ги мразела проститутките бидејќи тие можеле лесно да забременат”, рекол тој.

Leave a comment

error: Content is protected !!