Шок сведоштво на човек кој вели дека патувал низ времето: Во 2030-та ќе владеат супер-држави, а овие земји ќе се спојат

Анонимен патник низ времето, кој се претставува како Ноа, рекол дека Северна Америка ќе мине низ големи промени во наредните 11 години.

Границите ќе престанат да бидат важни бидејќи земјите ширум светот, една по една, ќе се спојуваат во гигантски супер-држави. Патникот низ времето рекол дека Канада и Мексико ќе ги избришат границите со САД за да формираат супер-држава.

“Јас сум Ноа, патник низ времето. Јас сум патник од 2030-та година, што е точно 11 години во иднината. Се вратив во ова време да ја кажам вистината за иднината и се што морате да знаете”, тврди тој.

“Денес ќе ви зборувам за иднината на Канада. Да, Канада минува низ многу големи промени во иднина и тие се шокантни. Прво, Канада во иднина се спојува со САД и Мексико за да создаде една огромна супер-држава”, истакнува овој човек.

“Канада делува како некој вид на округ во оваа супер-држава. Не лажам, ова е сериозно. Во иднина постојат супер-држави”, категоричен е Ноа.

Според неговите зборови, феноменот на спојување на држави не е ограничен само на Северна Америка. Земјите во сите делови од светот ќе настојуваат да се спојат.

Но, појавата супер-држави ќе стане раширена пракса бидејќи “границите во основа повеќе не функционираат”.

“И канадското население се зголемува поради фактот што глобалното затоплување, кое е навистина голем проблем во иднина, почнува да го прави јужниот дел на Канада уште потопол. Во северна Канада, тоа е нормална температура”, вели Ноа

Популацијата на Канада до 2030-та година поради тоа ќе изнесува 44 милиони.

“Луѓето кои живеат во Канада во иднина во главно ќе живеат во четири супер-градови: Торонто, Монтреал, Ванкувер и Калгари”, вели овој сведок.

“Овие градови се во суштина супер-градови – тие се огромни, развиени и верувајте ми, тоа ќе биде нешто што ќе сакате да го видите”, истакнува Ноа.

Наводниот патник низ времето претходно тврдел дека ги знае идните датуми на важни светски настани, катаклизми и важни моменти во иднината.

Leave a comment

error: Content is protected !!