Шок бомба! Трамп воведува вонредна ситуација и ги забранува кинеските Huawei и ZTE

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува донесување на извршна наредба за прогласување на вонредна ситуација во земјата идната година, во која на американските компании би им се забранила употреба на телекомуникациска опрема која ја произведуваат кинеските “Huawei” и “ZTE”, рекле за “Reuters” три извори запознаени со случајот.

Тоа би бил најновиот чекор во настојувањата на администрацијата на Трамп да ги истисне “Huawei” и “ZTE” двете најголеми кинески компании за мрежна опрема од американскиот пазар, оценува британската агенција.

САД тврдат дека тие две компании работат по налог на кинеската влада и дека нивната опрема може да се користи за шпионирање на Американците.

Извршната наредба, која се разгледува повеќе од осум месеци, би можела да биде објавена веќе во јануари, со директива на Министерството за трговија да ги спречи американските компании да купуваат телекомуникациска опрема направена од двете наведени компании.

Иако е малку веројатно дека во наредбата ќе бидат директно именувани “Huawei” или “ZTE”, еден извор рекол дека очекува дека службениците во Министерството за трговија тоа ќе интерпретираат како одобрение за ограничување за ширење на опрема направена од тие компании.

Извори на британската агенција додале дека тестот на наредбата не е завршен.

Извршната наредба би се повикала на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања, кој на претседателот му дава овластување да ја регулира трговијата како одговор на вонредна ситуација на национално ниво.

Leave a comment

error: Content is protected !!