Шести септември 2018. година е денот кога прв пат ќе се прикаже македонскиот филм во жанрот еротска комедија – “Мејкинг Оф”. Местото на премиерата ќе биде “Синеплекс“.

Овој филм е проект на продуцентската куќа “Аурипогмент”, а работен по сценарио и режија на м-р Кузман Кузнмановски.

Станува збор за приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе, кои решаваат заедно да снимат филм.

Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот. Сите имаат различна мотивација за тоа зошто сакаат да го снимат филмот.

“Испреплетени се во страсни врски и сета младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откирете дали во тој општ галиматијас има место за љубов?”, вели режисерот Кузмановски.

Актерката екипа ја сочинуваат Александар Миќиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков, Пируника Киселички, Мартин Минговски и неодамна починатиот Ванчо Петрушевски.

Кинематограф на ова остварување е Марко Петрушевски.

Leave a comment

error: Content is protected !!