Сестрата на холандската кралица пронајдена мртва: Инес Зорегијета се обесила во својот стан

Најмладата сестра на холандската кралица Максима, е пронајдена мртва во својот стан во Буенос Аирес, соопштиле аргентинските службеници.

Смртта на 33-годишната Инес Зорегијета вчера ја потврдила неименувана личност од канцеларијата на обвинителот, која барала да остане анонимна.

Засега не се знае причината за нејзината смрт, но медиумите пренесуваат дека најверојатно се работи за самоубиство. Како што пишува “BBC”, таа е најдена обесена во својот стан. Се верува дека боледувала од депресија.

Зоргијета е психолог која работела за канцеларијата за социјална политика во претседателската канцеларија.

Холандската кралица ги откажала сите свои состаноци и задолженија и би требало наскоро да одлета во Аргентина.

Премиерот на Холандија, Марк Руте, рекол дека веста за смртта на Инес “му го скршила срцето”.

“Сите сме шокирани од изненадното заминување на сестрата на кралицата Максима. Нашите мисли и молитви се со кралицата и нејзиното семејство. Им ја посакувам целата сила која им е потребна поради оваа страшна загуба”, рекол тој.

Кралицата Максима е Аргентинка, а се омажила во 2002. година за тогашниот престолонаследник Вилјем Александер, со кој има три деца.

Leave a comment

error: Content is protected !!