Секс со Дајана и голата Кејт: Коментарите на Трамп не се заборавени во кралското семејство

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се состанал со кралицата Елизабета во замокот Виндзор во рамките на својата посета на Британија.

Тоа не би било ништо чудно доколку американскиот претседател на Твитер не рекол некои ужасни работи за припадниците на британското кралско семејство.

Можеби Трамп се понадевал дека кралицата не се сеќава на тие забелешки? “Кејт Мидлтон е одлична – но не би требало да се сонча гола”, рекол Трамп.

Принцезата Дајана, наводно, станала мета на коментарите на Трамп по разводот од принцот Чарлс. Претседателот на САД ја нарекол “жалост меѓу жените” во својата книга “Уметноста на враќањето”.

Тој наводно и пратил на Дајана цвеќе, со надеж дека таа ќе стане една од неговите трофеи. И неговата наклонетост кон Дајана не завршила откако таа трагично умрела во Париз во 1997. година.

Само неколку месеци по нејзината смрт, тој инсистирал дека можел да има секс со Дајана. Кога контроверзниот водител Хауард Стерн го прашал дали можел ја однесе во кревет, Трамп одговорил: “Мислам дека би можел”.

Тогаш се пошегувал дека Дајана морала да направи ХИВ тест пред да имаат секс. Потоа во 2000. година повторно зборувал за Дајана со Стерн, велејќи дека е неспорно дека би спиел со неа пред да ја означи како луда.

Дајана не била единствен предмет на коментари на кралските семејства, па исто така ја нападнал и сопругата на принц Вилијам, Кејт Мидлтон. Откако европските медиуми објавиле фотографии во топлес од Кејт, тој рекол: “Кејт Мидлтон е одлична – но не би требало да се сонча гола – сама е виновна”.

Leave a comment

error: Content is protected !!