Секс скандал во САД: Наставничка со својата пријателка орално задоволувала ученици

Средношколската наставничка, 24-годишната Талија Сиско и нејзината најдобра другарка, 23-годишната Тина Пурани биле уапсени бидејќи неколку пати наведувале малолетници на сексуални односи.

Американската наставничка и нејзината пријателка биле „под лупа“ уште од април, а откако било откриено дека постои истрага, од училиштето во Бернал веднаш ја суспендирале наставничката од Калифорнија.

Наставничката стапувала во контакт со своите ученици преку социјалните мрежи, а американските медиуми пренесуваат дека таа имала сексуални односи со најмалку тројца ученици на возраст од 15 и 16 години.

„Веруваме дека постои и четврта жртва поради посредните докази, но се уште не сме во можност да ја идентификуваме“, изјавил шерифот Лори Шмит и додал дека моментално инспекторите се во потрага по уште неколку лица кои што биле во контакт со наставничката.

Ако се докаже дека листата со жртви на наставничката е поголема, тоа ќе значи дека таа ќе дообие уште построга казна. Таа веќе одговара за повеќекратен орален секс, повторен сексуален однос со малолетници и помагање и поддржување на друг сторител на кривичното дело.

Со оглед на тоа што било откриено дека младата наставничка своите дела ги сторила во период помал од шест месеци, нејзе не ѝ било дозволено да се брани од слобода. Нејзината другарка Пурани исто така ја очекуваат тешки обвиненија, но таа била ослободена со платена кауција од 60 илјади долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!